Според очевидците на околните плажи, луѓето кои се наоѓале на глисерот, веднаш го напуштиле пловилото скокајќи во вода. Неофицијално, набргу по избувнувањето на пламенот во помош на опожареното пловило пристигнале десетина чамци и глисери, кои ги извлекле патниците и се вклучиле во обидите за гаснење на пожарот. Но, поради силниот пламен и стравувањата од можна експлозија, подоцна пловилата биле принудени да се оддалечат од опожарениот глисер.
На местото на нстанот излегла екипа на СВР- Охрид, заедно со единица од Противпожарната служба и медицинска екипа.
Според првичните информации, до опожарување на пловниот објект дошло околу 14 часот и 30 минути, а набргу по тоа се случила и екплозија.