Националната стратегија за развој на здравствениот туризам на Република Македонија, ќе биде промовирана денеска во Скопје.

Како што е најавено на промоцијата учество ќе земат Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Јордан Трајков, Министерот за здравство Никола Тодоров, Министерот за економија Валон Сарачини и Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Со неколку регионални здравствени установи, Охрид има идеална можност за развој на здравствениот туризам. Особено тоа важи за Заводот за кардиоваскуларби заболувања и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, кои опслужуваат голем број пациенти од соседството.

OhridNews