Во рамки на „Развојната програма за уредување на градежно земјиште на општина Охрид за 2016-2018 година“ планирана е Изградба и реконструкција на детски игралишта во неколку охридски населби и села.
Според најавите во текот на наредниот период ќе биде извршена изградба и реконструкција на детски игралишта во урбаните заедници „Кошишта“, „Воска“, „Видобишта“, „Гоце Делчев“, „Радојца Новичиќ“ и на улицата „Ванчо Питошески“. Исто така планирана е и изградба и реконструкција на детски игралишта во рамки на основните училшта „Братство Единство“ и „Св.Климент Охридски“.
Освен во градската средина, игралишта со детски реквизити ќе бидат поставени и во охридските села Лескоец, Косел, Велгошти, Елшани, Лакочереј и во населбата „Свети Стефан“.
Инаку пред извесно време општина Охрид го пушти во употреба обновеното детско игралиште кај каналот Студенчишта. Проектот за реновирање и проширување на игралиштето беше реализиран во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.
OhridNews