Наскоро ќе започне изградбата на атмосферска канализација на просторот кај градските гробишта, по што ќе следува и целосно асфалтирање, најави денеска градоначлникот Кирил Пецаков при посетата на јавното претпријатие.

Кон секој проблем пристапуваме сериозно и студиозно работиме на пронаоѓање решение. Не правиме импровизација туку носиме долготрајни решенија. При денешната моја посета на ЈП „Градски гробишта” ми беше презентиран проектот кој започнува за скоро, а тоа е изградба на атмосферска канализација, по што следува и целосно асфалтирање на градските гробишта. Тоа што долго време е проблем тука сега се решава трајно, вели Пецаков.

Потенцира дека ЈП „Градски гробишта“ изврши и набавка на неопходни градежни возила и машини за непречено функционирање и подобрување на условите.

Набавени се товарно возило кипер, мултифункционален трактор со приколица и приклучна механизација која ќе може да се употребува и за чистење снег, вибро жаба, генератор за струја, вибро плоча, додека пак во јули минатата година беше набавено уште едно товарно возило. Вкупната вредност на оваа набавка изнесува околу 3 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Охрид, вели Пецаков.

Посочува дека набавка од ваков обем во ова јавно прептријатие не е извршена во изминатите 30 години.

OhridNews