– Проблемите кои се појавија во изминатиов период околу финансирањето се успешно надминати, и се очекува до 30 јуни новото училиште да биде готово. Меѓу приоритетите на министерството за образование токму е изградбата на ова основно училиште и спортската сала во Вевчани. Распишан е и тендер за набавување на нова опрема во школото, вели градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски.
Со средства од локалната самоуправа ќе се гради и паркинг простор и пристапен пат до училиштето.
Изградбата на новата Спортска сала, со вкупно 500 седишта, е предвидено да заврши во месец август. Спортската сала ќе се користи за кошарка, за ракомет, за одбојка, гимнастика, пинг-понг и за многу други спортови и во целост ќе ги задоволува потребите на младите во Вевчани.