Општина Охрид во соработка со Месната Заедница од село Лескоец и Здружението на туристички водичи и придружници „КЕЈ“ – Охрид изгради видиковец во рамки на црквата „ Св. Наум Охридски“ во Лескоец.
Вкупната вредност на проектот финансиран од страна на општината е 110.000 денари, а целта е афирмација на просторот, реализирање на културни и едукативни активности, промоција на предностите и просторна ориентација на вредностите.
Во реализација на проектот беа вклучени и жителите на Лескоец, месната заедница и претставници од црковниот одбор. Изградбата на Видиковецот е еден од неколкуте проекти што општината ги реализира по јавниот повик на Секторот за ТЛЕР за финансирање на проекти од областа на одржливиот Локален економски развој и туризам, а е согласно програмата за поддршка на локалниот економски развој и поттикнувањето на развојот на туризмот на општина Охрид.
OhridNews