Денес во населбата Рача, вршителот на должноста градоначалник, Константин Георгиески, изврши увид на ново изградената пешачка патека. Патеката со бекатон плочки, во должина од 170 метри и два потпорни ѕида, изградени се од страна на ЈП „Градски гробишта“.
Овој зафат е во рамките на програмата на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и со него се решава деценискиот проблем на функционално поврзувње на двата дела од населбата.
Посебно е важно олеснувањето на движењето на децата, кои оваа патека ја користат за да стигнат до училиштето.
OhridNews













