Американскиот тенисер Џек Сок претрпе пораз од Лејтон Хјуит во два сетови (7-5, 6-4) на Хопман купот кој се одржува во Австралија, но ја крена на нозе публиката со генијален потег.

Сок во првиот сет при водство 5-4 во гемови и негатива од 30-0 на поени му сугерираше на судијата дека сервисот на Хјуит заврши во дозволениот простор не во аут. Хјуит на реакција од Сок побара челенџ и го освои поенот, а подоцна и сетот што му донесе предност па победа.


На заминување од теренот австралијаните со громагласен аплауз го поздравија Сок кој иако изгуби е апсолутен победник на турнирот во Перт.

Ohridnews