-Засега немаме евидентирано помор на риби или слични проблеми со живиот свет во тој дел од езерото. Треба да се напомене дека езерото има голема моќ за самопрочистување и дека за кратко време водата ќе се врати во состојбата пред испуштањето на горивото во неа. Секако ова се однесува само на инцидентни состојби, кога се работи за помала количина на вакви деривати, а доколку се работи за поголема количина или за континуирано загадување на езерото со вакви супстанции, секако дека би имало големи последици по екосистемот.-вели д-р Ленче Локоска од Хидробиолошкиот институт од Охрид.
Од општинскиот Комунален инспекторат велат дека за да се утврди за какво загадување се работи ќе мора да се почекаат резултатите од испитувањето на примероците од вода, кои се земени од овој дел од езерото.
-Преку цела година ние добиваме резултати од континуираните анализи на водата од целото охридско крајбрежје. Можам да потенцирам дека еден од најчистите делови од езерото е токму делот покрај градскиот кеј. Секогаш водата тука била прва категорија. По еколошкиот инцидент, направена е анализа од Републичкиот завод за јавно здрваје и деновиве треба да ги добиеме резултатите за тоа од која категорија е водатата во моментов.-вели Танас Танасоски, началник на Општинскиот комунален инспекторат.