Неодамна од печат излезе книгата „Во чекор со судбината“ за животната приказна на Марко Пејчиновски. Автор на книгата е неговиот татко Тони Пејчиновски.

Насловот на книгата претставува апстрактен поим за реална животна сторија, приказна за борба со непредвидливите искушенија што ги носи животот, а кои често ги припишуваме на судбината. Книгата не е мотивациска литература, туку искрен запис за соочување со реалноста, за непомирување и непотклекнување пред околностите.

Во „Во чекор со судбината“ се опфатени лични подвизи и падови, години исполнети со препреки и искушенија, загубата на мајка ми, како и животните лекции што произлегуваат од тие искуства. Приказната е раскажана без разубавување, низ перспективата на татко кој ја документира борбата, растењето и животниот пат на својот син, вели Марко.

Бидејќи книгата е самостојно издание и нема издавачка куќа, истата е достапна за нарачка исклучиво преку директен контакт:

OhridNews