Новиот број на магазинот за здравје и современ живот „Наше Здравје“, донесува интервју со познатиот очен хирург и директор на новата очна болница „Деница“ во Скопје д-р Наум Трпеноски, едукативни содржини за безгрижен одмор и корисни совети на стручни лицано за опасностите кои демнат во лето. Како да се заштитиме од опасните UV зраци, изгореници, која е важноста на пробиотиците во развојот на децата, но и совети од областа на стоматологијата и традиционалната медицина, ќе најдете во летното издание на „Наше Зравје“ кое штотуку излезе од печат.

-Лето е. Време е за опуштање, но внимателно. Здравствените работници, но и синоптичарите предупредуваат дека минуваме одвреме – навреме низ жолти и портокалови фази, во кои сонцето и високите температури можат да предизвикаат несакани последици, не само кај повозрасните, туку и кај децата и младите. Ако сами не се грижиме за своето здравје, тогаш кој треба тоа да го прави за нас?  – вели главниот уредник на „Наше Здравје“ фармацевт м-р Марица Угриноска Баткоска.

 

Издавач на магазинот „Наше здравје“, кој веќе се етаблира во медиумскиот простор како квалитетно и корисно четиво, е ланецот аптеки „Виа Фарм“ во соработка со Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“. Извршен уредник е Горан Момироски, уредник Мишо Китаноски, графичкиот дизајн е на Антонио Стаматоски, a техничка поддршка пружи OhridNews.

Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да се најде во аптеките „Виа Фарм“ во Охрид, Струга, Вевчани и Лабуништа, во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во комплексот „Св. Ѓорѓија“ во Охрид, во јавните здравствени установи и болниците во Охрид и Струга, како и во познати хотелски и угостителски брендови, модни салони и други препознатливи места во регионот и пошироко. 

OhridNews