Македонската ракометна репрезентација се пласираше во четвртфиналната фаза од Европското првенство во ракомет што се игра во Србија. Во одлучувачкиот натпревар вечерва во Ниш, Македонија ја совлада Чешка со 27:21 (12:12).


Заслуги за победата има и македонската навивачка фаланга, а еуфорија по историскиот успех завладеа во сите македонски градови. Во Охрид се слушаат пукотници, како и вклучени сирени од автомобили. Охрид слави со своите ракометни херои.

Во следната фаза Македонија ќе пренесе еден бод, Шведска исто така еден бод, додека Германија во Белград ќе патува со 4 бода. Ќе играме во белградската Арена заедно со домаќинот Србија. Полска и силната Данска.

OhridNews