На првиот круг од претседателските избори во Општина Охрид до 11 часот излезноста е 12, 94 отсто, односно гласале 6.687 лица, додека во Дебрца гласале 552 лица, односно излезност е 14 отсто, информираат од Општинските изборни комисии во Охрид и Дебрца.

Во Охрид се гласа на 87 избирачки места, а во единствениот избирачки список регистрирани се 51 717 лица. Во Дебрца се гласа на 23 избирачки места, а во избирачкиот список запишани се 3938 гласачи.
Н.С.Ј.
 
					



 
							







 
					