Според податоците од Државната изборна комисија, до 13 часот, во општина Охрид каде се гласа за претседател на државата и градоначалник, од вкупно запишани 52.223 гласачи своето право на глас го оствариле 11.480 граѓани, односно 22%

Во општина Струга, од вкупно запишани 60.505 гласачи, до 13 часот на гласање излегле 6.138 граѓани, односно 10.15%.

Во општина Дебрца, од вкупно запишани 4.422 гласачи, до 13 часот гласале 1.035 односно 23.44%.

На ниво на државата, до 13 часот излезноста е 20.5%. Од вкупно запишани 1.808.131 граѓани, на гласање излегле 362.449.

OhridNews