Изложба на влијателниот уметник од Белград, Србија, Филип Цветковиќ на тема „Apis Art“ – Пчелна уметност ќе се одржи денес во Касарна Хаб во 18 часот.
Целта на прикажувањето на мотивот на пчелата е да се разгледа и прикаже значењето низ призмата на културата и уметноста, природата и опстанокот на пчелите во неа. За екологијата и природата не треба да молчиме, таа е дел од нас и ние сме дел од неа на тој систем и синџир. Црно-жолтиот мотив за природата значи опстанок, процесот на опрашување создава живот, создава сè што нè опкружува. Природата е уметност, ако не постоеше немаше да постои. Ајде да се грижиме за неа, тоа е единствениот начин таа да се грижи за нас, велат организаторите во опис на мотивот на изложбата.
На изложбата ќе има над 200 ученици од Србија и Македонија.
OhridNews