На 20 и 21 септември ќе се одржи „ВМ Класик рели- запад“, рели со историски возила (олдтајмери) организирано од Олдтајмер клубот ВМ Класик. Настанот е дел од шампионатот во рели со историски возила при Националната федерација за историски возила.
Како дел од овој настан на 20 септември (сабота) со почеток во 16:00 часот во спортското двориште во Вевчани ќе се одржи изложба на историски возила (олдтајмери).
Следниот ден на 21 септември (недела) дефиле и изложба ќе бидат организирани на плоштадот во Охрид со почеток во 10 часот.
Стартот на релито е закажан за 20-ти септември од Скопје, а првата и втора етапа се со завршници во Фалише и Маврово. Целта на трета етапа и крајот на натпреварувачкиот дел е во Вевчани, каде што ќе се одржи и изложбата на возилата.
Организатотите посочуваат дека на релито ќе се настапува согласно сите сообраќајни прописи и правилата од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
OhridNews