Во рамки на фестивалот “Охридско лето”, вечерва со почеток во 19 часот во Центарот за култура ќе биде отворена изложбата „Автофотографии“ од Константин Плевнеш. Станува збор за презентација на повеќе фотографии поврзани за разни светски метрополи низ интимното доживување.
Во 21 часот, на програмата на фестивалот е Завршниот концерт на семинарот по пијано под раководство на професор Борис Романов. Семинарот за млади пијанисти е дел од традицијата на Летниот музички камп на Музичката младина на Македонија.
Концертот ќе се одржи во црквата Света Софија.












