Отворена самостојна изложба на цртежи од Михаил Шапкароски, ученик во IV б одделение во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти.

Сликите се со мотиви од мртва природа, животни, архитектура и човечкото тело, а се изработени со молив, јаглен и темперни бои. Изложбата се реализира под менторство на наставничката Виданка Мојсоска, информираат од училиштето.

Изложбата е поставена во просториите на училиштето, а истата ќе биде отворена за посетители до 9 јуни.

OhridNews