Во рамките на фестивалот „Охридско лето“, вечерва со почеток во 21 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата на дизајн на мебел и индустриски дизајн, од охриѓанецот Кире Стојоски.

Стојоски има дипломирано на факултетот за „Арт и Дизајн“, отсек дизајн за ентериери, а учествувал на повеќе групни изложби во доменот на дизајнот и сликарството.

Работи како главен дизајнер во фирма за проектирање и изведба на мебел.

OhridNews