
Мултимедијалниот проект „Погледни во себе“ ја опфаќа истоимената книга и циклусот слики масло на платно насловен како „Мајка и дете“, кои авторот ги создавал во изминматите десет години.
Изложбата ќе ја отвори македонскиот амбасадор во Србија, Љубиша Георгиевски, за ликовната уметност ќе говори историчарот на уметност и ликовен критичар Станислав Живковиќ, додека за поетскиот опус ќе беседи писателот и книжевен критичар Кристина Николовска.











