За месецот април ЕЛЕНА ЃОРЃИЕВСКА ве дозира со *1000 мг слики, во антропогеометризирана витаминска состојба која е пријатна и убава за конзумирање.
…За да го одржите културниот дух во позитивна стабилност ви препорачуваме да ја примите и оваа состојка од мултивитАРТизацијата.
*забелешка:
Дозволено е користење и поголема количина од препорачаната бидејќи не постои опасност од предозирање, затоа што витамините се на природна база и не се нималку штетни за организмот.;)
Елена Ѓориевска дипломиран сликар на ФЛУ во Скопје, Македонија, во класа на Вело Ташковски (2005), магистриран сликар на истиот факултет (2008), дипломиран ликовен педагог на истиот факултет (2007), член на ДЛУМ од 2006, на ДЛУБ од 2007.
Самостојни изложби:
– 2007, Битола, Салон на ДЛУМ, “Флуентни обединувања”
– 2008, Скопје, Музеј на град Скопје, “Антропогеометризми”
– 2009, Битола, Магаза, “Антропогеометризми”
– 2009, Битола, Салон на ДЛУБ, “Измислени ликови”