Познатиот охридски уметник и фотограф Атанас Талевски деновиве со изложба на свои дела се претставува пред холандската јавност.

Изложбата е отворена на 8-ми март, а во неа се поместени 50 фотографии кои се настанати во периодот 1997-2007 година.

По Париз, Москва, Њу Мексико и Њујорк, Атанас Талевски за прв пат изложува свои дела во Холандија,под покровителство на фондацијата Рихтер.
 
Холандската критика исклучително позитивно ја оцени изложбата, на како што пишуваат тамошните медиумите, одличниот македонски уметник.

ohridnews