Изложба на фотографии од женските членови на Фото клуб „Охрид“ ќе биде отворена денес со почеток во 18 часот во изложбениот салон при НУЦК „Григор Прличев“ Охрид.
Во годината на одбележување на 65 години НУЦК „Григор Прличев“-Охрид и 25 години постоење и успешна работа на Фото клуб Охрид- Охрид, НУЦК „Григор Прличев“ и Фото клуб „Охрид“ ќе Ве почестат со изложба на фотографии на женските членови на Фото клуб „Охрид“. Ќе ни биде огромно задоволство ако не посетите и уживате во прекрасните фотографии, велат од клубот.
OhridNews