Денес во Култ културен центар ќе биде отворена изложба на младата српска уметница Теодора Нешковиќ. Изложбата е плод на соработката на Култ културен центар од Охрид и независниот кустоски проект Круг од Белград.

Отворањето на изложбата ќе биде збогатено и со музички перформанс со настапат на Project 0X1, охриѓаните Виктор Јолакоски и Кирил Наумоски.
Изложбата ќе биде отворена од денес во 20 часот, а ќе биде поставена за посетителите се до 4 декември.
OhridNews












