Вајарот Зорица Азеска во петок, 8-ми јули, во 20.30 ч. во Галеријата Робевци ќе одржи изложба на скулптури насловена како “Војници на постоењето”. Изложбата  тематски е продолжение на нејзиниот претходен циклус “Прегратки”.

Зорица Азеска е родена 1982 г. во Охрид. Дипломирала вајарство во 2006 г. на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, во класата на пр. Васил Василев.

Учествувала на повеќе групни изложби, а ова и е четврта самостојна изложба во Охрид.

Изложбата ќе биде отворена до 21-ви јули.

OhridNews