Предмети изработени од керамика од 55 уметници од Хрватска ќе можат да се видат на изложбата„ Хрватско триенале на керамика“, која во среда, во 21 часот, ќе биде отворена во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“.

За изложбата ќе зборуваат Ханибал Салваро, член на Меѓународната академија на керамика од Женева, а изложбата ќе ја отвори академскиот сликар Славко Упевче.

Изложбата која досега имаа можност да ја видат жителите на неколку хрватски градови, во Охрид ќе може да се посети до 30 јуни. 

OhridNews