Денеска од 20 часот во куќата на Уранија во Охрид ќе биде отворена изложбата на завршни проекти од работата на меѓународната летна архитектонска школа насловена како ,,Архитектурата како перформанс,“.

Претхдно во 17 часот ќе се одржи презентација на учесниците на летната школа а ќе бидат доделени и сертификати и благодарници. Настанот пак ќе биде збогатен со пригодна свеченост, камерен концерт, на терасата на куќата Уранија.
Проектот, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје НУ, а во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, НУ Охридско лето и општина Охрид, се реализираше како увертира на Фестивалот „Охридско лето“ пред свеченото отворање на 12-ти јули.
OhridNews











