
“Основната идеа на Охридски во овој проект е преиспитување на бесконечноста како граница и воспоставување на релација меѓу креацијата и размислувањето. Моите најнови дела се чекор кон непознатото во бескрајната вода каде не се гледа дното и само храбрите и умешните ќе може да испливаат”, изјави Спасески-Охридски за Ohridnews.com. Со Охридските ангели авторот го преиспитува досегашното творештво барајќи нови начини на израз како што се математичките сфери и кристалографии и полигоналното сликарство. Охридски е мотивиран од преиспитување на идентитетот на појавноста на предметите и проблемот на бесконечноста како граница за нејзино освојување.
Изложбата на Драган Спасески-Охридски во Скопје доаѓа по таа во октомври во Подгорица-Црна Гора, каде тој претстави пресек на творештвото од циклусот “Погледни во себе“, ликовни дела и негова поезија преведна на српски јазик. Изложбата што ја организира македонско-црногорското здружение, ја проследиле претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ и други високи претставници на државата.











