Во Куќата на Робевци вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски современи ликовни уметници – Владимир Георгиевски (1942-2017).

Меѓу 1980 и 2012 беше професор по цртање, сликање и пластично обликување на Факултетот за архитектруа во Скопје. Една деценија во 1990тите, предаваше и естетика на простор, историја на модерна уметност, како и сценографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Беше професор и на Факултетот за аудио-визуелни уметности во Скопје.
Неговите сценографски и костимографски решенија беа дел од многубројни театарски претстави и неколку домашни играни филмови. Добитник е на највисока државна награда за животно остварување во областа на уметноста и културата. Неколку пати е наградуван и за неговата работа во театар.
Негово дело, портрет на Ф.М. Достоевски, рељеф, е поставено во Музејот на Ф.М. Достоевски во Санкт-Петерзбург во ноември 2012.
Почина во родниот град, на 25 мај 2017 година. Негови дела се наоѓаат во приватни збирки во Македонија и надвор од неа.
OhridNews










