Вечерва од 19 часот во изложбениот салон при НУ Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена изложбата „Сретењски устав“.

Со взаемна промоција на културните вредности преку богата културната соработка се вбројува и изложбата Сретењски Устав 1835 која е дел од меѓусебната соработка помеѓу институциите за промоција на културните вредности на двата народа. Во иднина се договорени повеќе изложби и настани на македонски автори и уметници кои ќе се промовираат и одржуваат во Р. Србија, информираат од Почесниот конзулат на Република Србија во Охрид.

Изложбата која се состои од 18 банери на кои се претставени членовите на Сретењскиот устав, усвоен на 15-ти февруари 1835 година е подготвена од д-р Александра Миловановиќ и докторанд Филип Цветковиќ.

Истата e во организација на Почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија со седиште во Охрид, а со поддршка на Државниот архив на Македонија – одделение Охрид и во соработка со Педагошкиот музеј на од Белград.

OhridNews