Денеска во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одржи групната изложба „Бели мугри“, со дела на повеќе уметници од земјава.
Изложбата е инспирана од животот и делото на поетот Коста Солев Рацин, а Стружани ќе имаат можност во да се запознаат со творештвата на Александар Јанкулоски, Стефан Хаџи Николов, Жанета Спироска Радеска, Влахо Бранѓолица, Росица Лазеска, Мирчо Матевски Рисимкин, Верина Николова, Емил Шулајковски, Живка Коцева Караџовска, Бојана Грујовска, Илина Арсова, Стефан Јакимовски, Маја Николовска, Мелка Николовска, Дубравко Наумов, Зорица Зафировска, Христина Зафировска, Тони Шулајковски, Радосав Марковиќ и Евгениј Пантев.
Изложбата ќе биде отворена од 12 часот, а како организатор се јавува струшкиот Центар за култура и Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје.
Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“ и „Браќа Миладиновци“, и меѓународното поетско читање „Мостови“ синоќа на Мостот на поезијата во Струга заврши 65-тото издание на ...
Со традиционалното меѓународно поетско читање „Мостови“ и врачувањето на највисоките фестивалски признанија, вечерва на Мостот на поезијата во Струга ќе биде заокружено 65 издание на Струшките вече...
„Поетски портрет“ на добитничката на „Златен венец“, холандската поетеса Анеке Брасинга, кој традиционално ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во Охрид, денеска (27 јуни) е во фокусот на програма...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.