Синоќа, во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“, беше отворена втората самостојна изложба на охриѓанката Анета Вршкоска- Јованоска, насловена „Соединување“.
Бројните гости имаа можност да видат 40 дела изработени од природни материјали.
Изложбата ја отвори директорката на центарот Драгана Боцевска, а за изложените дела на Вршкоска- Јованоска зборуваше академскиот сликар Славко Упевче.
OhridNews