Истиот, со лажно претставување како претставник на фабриката за масло „Благој Ѓорев„ од Велес, доведувал во заблуда повеќе вовозрасни граѓани, на кои им ветувал масло, шеќер и други намирници по многу пониски цени од продажните. Често, пријавениот Р.Т. ветувал и набавка на одредени растителни препарати кои имале лековити својства.
Вешто доведувајќи ги во заблуда граѓаните, тој им ветувал брза набавка на договорената стока за што барал исплата од 1.000 до 3.000 денари или онолку колку што граѓанинот имал во моментот, како рата за договорената набавка. Неретко, Р.Т. знаел да зазвони и во домот на измамените граѓани.
Одкако ќе ги добиел парите, стекнувајќи се со против-правна имотна корист, тој не им се јавувал и избегнувал контакти со граѓаните, а во одредени ситуации повторно ветувал дека ќе ја достави договорената стока.
Последната пријава за измама сторена од Р.Т. што е регистрирана во СВР Охрид е евидентирана на ден 09.04.2011 година.