Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност од 22 јануари, се воведуваат неколку новини во даночното работење, информираат од Управата за јавни приходи.
Меѓу нив, посебна даночна основа за услугите на агенции за привремено вработување, при што за отстапување на привремен агенциски работник од Агенција за привремено вработување на работодавач корисник, даночна основа за извршената услуга ќе претставува остварената провизија.
Од 01 февруари 2014 година – се воведува механизам на пренесување на даночната обврска за ДДВ од вршителот на прометот на примателот на прометот (Reverse Charge), што претставува механизам на пренесување на даночната обврска каде што наместо вршителот на прометот, обврска за пресметување и плаќање на ДДВ ќе има примателот на прометот на добра и услуги како даночен должник.
Новина е и даночното ослободување на прометот со инвестициско злато, а од 1 јули 2014 година – годишните ДДВ обврзници преминуваат во тримесечни ДДВ обврзници, а се воведува и директно даночно ослободување на прометот на добра и услуги наменети за реализација на проекти финансирани од странски донатори.
OhridNews