Поради зголемениот обем на активности и ангажираност на специјалната механизација за подигнување отпад пред туристичката сезона, ЈП „Охридски Комуналец” направи измени во годишниот календар за 2025 год. за подигнување на отпад од пластика и хартија од кантите за селекција.

Наместо постоечката динамика каде акциите за подигнување отпад од пластика и хартија се реализираа секоја втора сабота во месецот, почнувајќи од 09.05.2025 год. (петок) ќе се реализираат секој втор петок во месецот (доколку петокот е неработен, акцијата ќе се реализира во четврток), посочуваат од претпријатието.

Додаваат дека на наведените датуми ќе се врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција за 2025 година и тоа од улиците „Железничка”, „Прилепска”, „Винковачка”, „Будва“, „Крали Марко” и „8-ми Март”.

OhridNews