Измените во Законот за служба во АРМ, се во фаза за подготвување изјави министерот за одбрана, Зоран Коњаноски, кој вчера присуствуваше на отворањето на армиските спортски игри во хотелот „Еуротел“ кај Струга.

– Изминатиот период, околу година дена разговаравме со Синдикатот за тој проблем. По сите анализи увидовме дека бил во право, дека може да се направат измени на Законот за служба во АРМ, според кои сите професионални војници во АРМ ќе можат до 38-та година да конкурираат и да добијат подофицерски чин, што позитивно ќе влијае и врз моралот на припадниците на армијата, истакна министерот Коњановски.

OhridNews