Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со победа над Свонси 2-1 ја зачинија шампионската прослава на “Олд Трафорд“. На едно коло пред крајот на првенството “црвените ѓаволи“ ќе бидат официјално крунисани за шампиони на Англија по 20-ти пат.


– Ми беше мило што бев дел сите овие години од овој тим, кој ми стана фамилија. Со моето заминување не го напуштам клубот, туку ќе ја напуштам само клупата бидејќи Јунајтед секогаш ќе биде во моето срце – рече Фергусон.


Пред почетокот на натпреварот навивачите на Олд Трафорд со измешани емоции се простија од менаџерот Сер Алекс Фергусон.

Мх.П.