Вториот четвртфинален ден, најнапред Свисслион Пелистер ќе игра против второлигашот Вардар Осигурување, а на крајот Фершпед Работнички ќе ја затвори програмата против Торус.
По натпреварот некои клубови беа помалку, други задоволни од ждрепката:
„Куп натпреварувањето секогаш е неизвесен и драматичен што се покажа и лани кога ние бевме организатори. Ги повикувам љубителите на кошарката во што поголем број да ја исполнат арената „Билјанини извори,“ и се надевам дека најдобриот тим ќе победи“, изјави Дивна Пешиќ, претставник на Фени индустри.
Претставникот на Амак СП, Благоја Георгиевски – Буштур кратко рече: „Очекувам традицијата да продолжи и домаќинот да го освои пехарот“.
Младиот тим на Торус ќе има тешка задача против Фершпед Работнички, но од нивниот табор оптимистички порачаа:
„Тоа што го сакавме и го добивме“.
По успешниот настап во БИБЛ, Фершпед Работнички се надева на позитивен исход и во домашниот Куп:
„Мислам дека ќе има интересни натпревари кои ќе го привлечат вниманието на симпатизерите на кошарката, а очекувам и возбудливо финале“, изјави Горан Костоски од повеќекратниот Куп освојувач.
„Со млад и перспективен состав, на секој натпревар одиме на победа“, кажа Ване Соколов од Вардар.
Ждрепка не беше наклонета на прволигашот од населбата Аеродром, МЗТ Скопје.
„Немавме среќа во жребот, бидејќи добивме тежок противник. Амак СП ја има предноста на домашен терен, но ние имаме изменет состав кој може многу да направи, па се надевам на успех“, истакна спортскиот директор, Драган Панковски.
Единствениот второлигаш во националниот Куп со скромни амбиции.
„Ќе дадеме се од себе, но за нас успех претставува и самото учество во завршницата на Купот“, рече претставникот на Вардар Осигурување.