Преку соодветна програма на соработка и мотивација на крводарителите за доброволно дарување крв, со организирање на редовни и вонредни крводарителски акции, годината Што измина опШтинскиот Црвен крст ја оценува како успеШна со реализирани 1734 дарувања крв, и надминување на предвидениот план за 2.79 %.
– Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на опШтините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид ја поставува на високо рамниШте. Потребите од крв и крвни продукти за задоволување на потребите на здравствените установи во наШиот град бараат постојана ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година. Хуманоста Што ја покажаа наШите крводарители преку доброволно дарување крв допринесе да бидат спасени многу човечки животи, велат од Црвен крст Охрид.
Оттаму по повод 17 март, Денот на крводарителството во Р.Македонија, изразуваат благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот на крводарителството во Охрид и Дебарца и ги покануваат на пригодна свеченост во просториите на Црвен крст Охрид, утре, со почеток во 12 часот на која Ќе бидат доделувани признанија на заслужни крводарители, поединци, фирми и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството.
OhridNews











