Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крушево 55 l/m2, по што следува Охрид со 52 l/m2, 48 во Претор, 39 Маврови Анови, 35 Пожаране, 34 Крива Паланка, 32 Битола, 31 Тетово, 24 Прилеп, Тополчани, 23 Попова Шапка, 19 Берово, 16 Штип, Виница, Струмица, 15 Велес, 14 Скопје-Зајчев Рид, 13 Ѓуриште, 12 Скопје-Петровец, Пожар-Радовиш, 8 Кавадарци, 6 Демир Капија.

Најмногу снег има на Попова Шапка каде снежната прекривка изнесува 31 см.

Во Охрид утрово измерена температура од 1 степен.

OhridNews