Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнало на Попова Шапка и Крушево, 27 и 26 литри на метар квадратен, по што следува Пожаране со 23, 22 во Маврови Анови, 20 во Тетово, 18 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Пожар-Радовиш, 13 во Лазарополе, Претор и Гевгелија, 12 Берово, Велес и Куманово, 11 во Крива Паланка и Прилеп, 10 во Битола, Виница и Струмица, 9 во Охрид и Штип, 7 во Кавадарци, како и 6 литри на единица површина во Демир Капија.
Најниска минимална температура измерена е на Попова Шапка 3°C, а највисока во Гевгелија и Скопје 12°C. Во Охрид утрово беа измерени 10 степени.
OhridNews