Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 32-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Во текот на март 2019 пријавениот од лице од Долна Белица, изнајмил три возила, кои требало да ги врати до 30.03.2019. Пријавениот не ги вратил возилата во определениот рок, со што се стекнал со противправна имотна корист од 1.107.000 денари на штета на лицето од Долна Белица.

OhridNews