Голманот на Арсенал, Петр Чех изненадно го посетил домот на Челси, Стемфорд Бриџ пред дерби пресметката на Емирати в недела во 17 часот.

Новата голманска опрема на чешкиот репрезентативец од Адидас му стигнала на стара адреса односно на Стемфорд Бриџ, а чуварот на мрежата лично ја подигнал.

На стадионот од Челси присутен бил менаџерот Гус Хидинк кој бил изненаден од посетата на Чех. – Беше касно попладне, а освен мене немаше никој друг на стадионот од првата екипа. Кога се појави Чех останав шокиран, но добро е да се види таков човек и поразговара секако.

Чех десет години го чуваше голот на „сините“, а од сезонава е прв избор помеѓу стативите на Емирати.

OhridNews