Стратегот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан повлече не очекуван и изненадувачки потег во екипата прекомандувајќи го бразилскиот интернационалец Винициус Јуниор од првиот состав во Б тимот познат како Реал Мадрид Кастиља.

19-годишниот фудбалер во бледото издание на „кралевите“ минатата сезона беше најсветла точка и затоа потегот на Зидан е примен со неверување во шпанските медиуми и симпатизерите на „кралевите“.

Бразилецот ќе биде дел од тимот Б кој го води клупската легенда Раул Гонзалес и се натпреварува во Третата лига во Шпанија. Се уште Зидан се нема огласено зошто го повлекол овој потег и дали се работи за акумулиање на искуство или пак непослушност на бразилскиот фудбалер.

Винициус во Реал Мадрид се пресели минатата година од Фламенго во трансфер вреден 46 милиони евра.

OhridNews