Битолски Пелистер го направи најголемото изненадување со пласманот во финалето на куп завршницата во Охрид. “Чкембарите“ за влез во финалето со 82-67 го совладаа Работнички.

Александар Хелд со 19 поени ја предводеше стартната петорка на Пелистер во која сите завршијa со двоцифрен број на поени. Караџовски 14, Јовановиќ 15, Милковиќ 14, Талевски 13.

Кај поразената екипа најпрецизен беше Тасовски со 21 поен.



М.П.