Вчера беше прикажана седмата епизода од серијалот „Алхемија на Балканот“ на телевизијата „Ал Џезира“, посветен на Македонија, чиј автор е познатиот новинар Горан Милиќ.

Во овој дел од серијалот, освен за историјата, меѓуетничките односи, иселувањето, економијата и спортските успеси на Македонија, се зборува и за познатиот Охридски бисер и начинот на неговата традиционална изработка.

Охрид и неговите туристички богаства до сега беа прикажани во неколку епизоди од патеписната емисија на Милиќ.

OhridNews