Државниот инспекторат за труд, вчера изврши 60 инспекциски надзори од областа на безбедност и здравје при работа, на територијата на Република Македонија, при што издаде 15 Решенија за забрана на работа на отворен простор во периодот од 11 до 17 часот, поради утврдена непосредна опасност по здравјето на вработените (високи температури и зголемено УВ зрачење).
Надзорите продолжуваат и во наредниот период и доколку се утврди непочитување на забраните ќе следуваат и прекршочни пријави од трета категорија во висина од 5000-8000 евра за правниот субјект и 500-1000 евра за одговорното лице на правниот субјект, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Исто така, за утврдени други недостатоци и непреземени мерки согласно со Законот и подзаконските акти, ќе се изрекуваат соодветни прекршочни пријави.