Изречени 25 решенија за забрана за вршење дејност за работа на отворено на високи темепартури
10.07.12 17:57
Министерството за труд и социјална политика, односно Државниот инспкеторат за труд вчера и завчера изрече 25 решенија за забрана за вршење дејност на фирми што не ги почитуваа препораките да не ангажираат работници на терен во период кога се највисоки температурите и е најголемо зрачењето.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, информираше дека веќе од денеска ќе следи и објава на имињата на фирмите за кои инспекцијата ќе утврди дека не ги почитувале препораките за неизложување на работниците од 11 до 17 часот и казни согласно со Законот за безбедност и здравје при работа.
,,Со оглед на зголемувањето на температурите и зрачењето вчера издадовме последна опомена, но тоа не значи дена никој не е казнет. Во текот на вчерашниот и завчерашниот ден се изречени 25 забрани за вршење дејност. Инспекторите на трудовата инспекција се веќе на терен. Апсолутно опстојуваме на она што го соопштивме вчера. Ќе нема никакви толеранции и сите буквално ќе бидат идентично третирани, без оглед кој и да е работодавач, ќе бидат изрекувани забрани за вршење дејност, а од друга страна ќе се изрекуваат и веќе се изрекуваат соодветни казни, рече министерот Ристовски.
Според него, доколку во текот на денов се утврди дека фирмите на коишто вчера им е изречена забрана ќе ја почитуваат ќе бидат казнети согласно со Законот за безбедност и здравје при работа.
,,Станува збор за исклучително тешки временски услови и нема логика кој било да биде толериран да извршува работни задачи во периодот од 11 до 17 часот. Ја разбирам потребата и на граѓаните да добијат нови улици и крстосници, меѓутоа треба да се има предвид дека елементарно човеково право е на секој работник да му се обезбедат нормални услови за работа. Моментно во надворешни услови нема елементарни услови за работа во период од 11 до 17 часот и ќе продолжиме да го спроведуваме законот без разлика кој е работодавачот и на каков проект се работи, нагласи министерот за труд и социјална политика.
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне 18 степени До средината на следната седмица време...
На подрачјето на СВР Охрид, од јуни до септември се издадени 292 прекршочни платни налози за возачи на електрични тротинети Само во септември се евидентирани 377 прекршоци Начинот на кој се управув...
Пред три и пол децении интернетот не беше дел од секојдневието на македонските граѓани Денес преку него комуницираме, работиме, купуваме, плаќаме, се информираме и користиме различни услуги, а моби...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.