Виенската култура на кафулиња, која спаѓа во светските културни наследства, полека изумира. Во главниот град на Австрија се повеќе кафлуиња се затвораат бидејќи имаат финансиски потешкотии, укажува Бернд Кверфелд, шеф на огранокот на кафулиња во стопанската комора. Тој вели дека секоја година се затвораат една четвртина од сите локали. Околу 100 кафулиња имаат среќа што можат да се потпрат на добрата положба и долгата традиција, но оние кои не се во таа ситуација се потешко работат. Според неговите зборови, повеќето од вкупно 2500 кафулиња во Виена едвај врзуваат крај со крај.

 

Секоја година 25 проценти од кафулињата ги затвораат своите врати, а моментално бројот останува константен благодарение на фактот што исто толку нови почнуваат со работа. Честата промена на сопствениците, меѓута, не е добар знак, како што се и малите маржи. Како причина за оваа појава Кверфелд ги наведува растечките трошоци и бирократијата. Исто така и забраната за пушење, како и законската обврска за покажување на алергените во понудените производи, но и фискалните каси влијаат врз негативниот тренд. Тој додава и дека однесувањето на гостите е променето, па стана мода да се дели едно парче торта и да се пие вода.