Повеќе од половината од сите видови дрвја во Амазонските шуми се соочени во изумирање, предупредуваат научниците во студијата објавена во списанието „Science Advances“, пренесува „Макфакс“.
Според најновите податоци, до 57 отсто од сите видови дрвја во споменатата јужноамериканска прашума по текот на реката Амазон ги исполнуваат критериумите за глобална загрозеност. Доколку тоа биде потврдено, за речиси четвртина ќе се зголеми бројката на сите загрозени растителни видови на Земјата.
Амазонските шуми се намалуваа со децении наназад, но малку е познато за влијанието врз поединечните растителни видови. На списокот загрозени се бразилскиот орев и стеблото на какаото, како и ретки видови речиси непознати за научниците.
Во истражувањето биле споредувани старите мапи и новите снимки на 1.500 шумски предели, за да се процени колку видови дрвја веќе се загубени и колку видови ќе исчезнат до средината на векот.
Утврдено е дека Амазонија, шумата со најголемата биоразновидност на планетата земја, би можела да биде живеалиште на повеќе од 15.000 видови. Меѓу 36 и 57 отсто од нив може да се класифицираат како глобално загрозени видови според критериумите на меѓународната „црвена листа“.
Професорот Карлос Перез од универзитетот Норич, еден од 158-те истражувачи од 21 земја кои работеле на студијата за BBC изјави дека постојат големи празнини во знаењата за животинските и растителните видови во Амазонија, од дрвјата и папратите до лилјаците и птиците.
„Нашето истражување покажува дека повеќе од половината од сите видови се соочени со изумирање. На среќа, заштитените области и племенските резервати денес сочинуваат околу половината Амазонскиот басен, на кој живее доволно голема популација од повеќето од загрозените видови“, истакнува Перез.
OhridNews
извор:„Макфакс“